Connect with us

Тен Хаг: Одигравме одлично, а видов што направи Роналдо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, беше воодушевен од победата над Тотенхем од 2-0. Тој смета дека ова беше најдобриот меч на тимот досега, кој лесно можеше да постигне три или четири гола. За Холанѓанецот е најважно што гледа како неговиот тим се развива и оди напред.


„Победивме против цврстиот и одличен тим на Тотенхем и го направивме тоа навистина добро. Бевме брилијантни. Дадовме два гола, но требаше да постигнеме три или четири. Задоволен сум. Тоа беше нашиот најдобриот натпревар досега оваа сезона. може да види дека се развиваме. Одиме во вистинската насока и многу е убаво тоа да се гледа од страна“, смета Тен Хаг.

Ова беше трет натпревар по ред без примен гол, а менаџерот не можеше да не го забележи овој факт.

“Среќен сум поради тоа. Против Њукасл исто така добро се браневме и ја сочувавме мрежата. Можете да видите колку сме поактивни во пресингот и какви проблеми им создава тоа на нашите противници. Тоа е основата за победнички натпревари“, додаде Холанѓанецот.

Но, мораше да коментира и за една непријатна тема поврзана со Кристијано Роналдо, кој не доби шанса да се појави на натпреварот и демонстративно влезе во соблекувалната неколку минути пред последниот судиски свиреж.

„Бев таму и видов што се случи, но не сум разговарал со него. Не сакам да посветувам внимание на тоа денес. Ќе одлучиме за тоа утре. Во моментов сакам да се фокусирам на тимот и на прекрасната победа, на настапот на сите играчи. Всушност, мораат да се подобруваат бидејќи и замените одиграа брилијантно“, изјави стратегот на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови