Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, застана во одбрана на Маркус Рашфорд, кој има разочарувачка сезона. Холанѓанецот зборуваше во пресрет на утрешниот меч на „црвените ѓаволи“ против Барнли.
Тој откри дека Мејсон Маунт се врати во тимот и ќе му биде на располагање.
„Минатата сезона Рашфорд беше брилијантен. Мислам дека тоа беше неговата најдобра сезона во кариерата, постигна 30 гола. Оваа сезона не игра на истиот начин и луѓето го критикуваат. Мораме да го поддржиме за да се врати на нивото од минатата сезона. Му треба поддршка. Сите знаеме на што е способен“, изјави Тен Хаг.
Стратегот откри дека Маунт е подготвен за средбата со Барнли и ја објасни состојбата на Лук Шо, Лисандро Мартинез и Ентони Марсијал.
„Мислам дека ќе ги видиме на теренот до крајот на сезоната. Тие продолжија со тренинзите. Следниот чекор е да започнат да учествувате во тимските активности. Тие напредуваат добро и би можеле да бидат на линија за последните недели“, посочи Тен Хаг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal