
Промените во сопственичката структура, доколку се случат, нема да влијаат на ангажманот на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг. Минатото лето Тен Хаг потпиша тригодишен договор со можност за продолжување на уште една година.
Под водство на Холанѓанецот, Манчестер Јунајтед по шест години го крена првиот пехар, трофејот во Карабао купот, а сѐ уште се натпреваруваат за трофеи и во ФА Купот и Лигата на Европа.
Позицијата на табелата во Премиер – лигата ги носи директно во Лигата на шампионите следната сезона.
Исто така, Тен Хаг покажа авторитет и верба во своите идеи ставајќи го Кристијано Роналдо на клупата, подготвен за последиците. Резултатот се покажа како максимално позитивен.
Оттаму, раководството на клубот е максимално задоволно од неговата работа и сака да му понуди нов договор, со подобрени финансиски услови.
Од друга страна, започна втората фаза од преговорите меѓу заинтересираните страни за купување на „црвените ѓаволи“. Најконкретни кандидати се милијардерот Сер Џим Ретклиф и шеикот Јасим Ал-Тани. И двајцата претенденти се за останување на Тен Хаг на клупата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
