Александар Таневски ќе остане на чело на стручниот штаб на Академија Пандев, откако овој стручњак постигна договор за продолжување на соработката со струмичкиот прволигаш. Таневски пристигна на чело на оваа екипа на почетокот од месец март, но ги водеше „пандевци“ на само две средби пред да дојде до прекин на сезоната.
Раководството на клубот сепак му укажа доверба и реши да го задржи овој стручњак на клупата, потпишувајќи нов договор со Таневски.
„Александар Таневски останува на тренерската позиција на Академија Пандев. Задовоството за продолжување на соработката е обострано, а Таневски потполно се вклопува во стратегијата на клубот особено кон давање шанса и подигање на квалитетот на младите играчи во сениорскиот тим. Таневски го одреди и својот тим на помошни тренери: Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренер на голмани Томи Пандев и кондиционен тренер Перо Костовски. Почетокот на припремите за новата сезона се закажени за 1ви јули“, потврдија од раководството на Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













