Connect with us

Тага во семејството Тоти: Таткото на Франческо ја загубил битката со коронавирусот

Тажни мигови во семејството на Франческо Тоти. Таткото на легендарниот фудбалер на Рома ја загубил битката со коронавирусот. Како што пишуваат италијанските медиуми, Енцо Тоти, татко на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти, починал како последица од Ковид 19.

Медиумите објавуваат дека пред неколку години Енцо преживеал срцев удар, но сега за жал не можел да го победи Ковид 19. Оваа вест го растажи Рим, како и навивачите на Рома  кои упатија пораки за поддршка кон нивниот поранешен капитен. Енцо имал 76 години.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови