Актуелниот првак Шкендија со победа го заокружи есенскиот дел од првенството во Првата лига. Тимот на Јетон Беќири славеше против Башкими во Куманово со 1-3.
Гостите од Тетово први се израдуваа на погодок откако Алими постигна автогол и донесе водство од 0-1. Радоста на Шкендија траеше кратко, затоа што само три минути подоцна Пановски одлично проби по десната страна и му асистираше на Филип Алексовски, кој рутински реализираше за израмнување 1-1.
Сенегалецот Фабрис Тамба во 34. минута ја врати предноста на Шкендија. Зука ја расчисти топката од гол-линијата по ударот на Ибраими, но Тамба беше подготвен и ја испрати во празната мрежа за 1-2, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во вториот дел, иако се очекуваше домашниот тим Башкими да ја преземе иницијативата, Шкендија продолжи да ја контролира играта и напаѓаше за нов гол.
Фитон Адеми со удар со глава го постави конечниот резултат 1-3, потврдувајќи ја победата на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













