Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах со минимални 1:0 славеа на гостувањето кај Мајнц, во првиот натпревар од 13. коло во Бундес-лигата.
Мајнц, иако игра добро во Конференциската лига, има катастрофална сезона во германскиот шампионат. Пред два дена клубот се раздели со тренерот Бо Хенриксен, а тимот привремено го води стратегот на младинците, Бењамин Хофман, но промената не донесе никаков ефект.
Екипата има само шест бодови, е закована на последната – 18. позиција и се наоѓа во големи проблеми.
Борусија, пак, продолжи во одличен ритам – ова им е петта победа во последните шест кола, а со 16 бодови сега се наоѓаат на деветтото место.
Победата беше обезбедена во 58. минута, кога дефанзивецот на Мајнц, Дани да Коста, постигна несреќен автогол по корнер од левата страна и обидот на Харис Табаковиќ.
Сепак, крајниот резултат е праведен, бидејќи тимот од Менхенгладбах беше подобриот и поопасниот тим.
Состојбата во Мајнц е загрижувачка и останува да се види дали ќе успеат да се подигнат и да избегнат испаѓање во Втората лига следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













