Лидс Јунајтед и Ливерпул одиграа вистински спектакл во Премиер лигата, но на крајот мораа да се задоволат со нерешен резултат – 3-3 (0-0) во дуел од 15. коло.
По мирното и неинтересно прво полувреме, вториот дел донесе вистинска голеада. Ливерпул тргна силно и со два брзи погодоци на Хуго Екитике стигна до значајна предност, но Лидс се врати во игра со идентичен одговор.
Прво Доминик Калверт-Луин од пенал намали на 1-2 во 73. минута, а само две минути подоцна стадионот „Еланд Роуд“ експлодираше – Антон Стак постигна гол за 2-2 и го врати резултатот во рамнотежа.
Иако изгледаше дека Ливерпул е во целосен пад, актуелниот англиски првак покажа карактер и повторно го презеде водството. По одлично изведена акција, Доминик Собослаи стрелаше во 80. минута за ново водство од 2-3.
Сепак, Лидс не се предаде. Во шестата минута од судиското продолжение, Ао Танака со прецизен удар погоди за 3-3 и донесе вреден бод за домашниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













