Фудбалерот на Ливерпул, Рио Нгумоа, кој предизвика огромно внимание на почетокот од сезоната, го потпиша својот прв професионален договор со клубот. Договорот важи до летото 2028 година, откако претходниот истекуваше на крајот на оваа сезона.
Нгумоа има само 17 години и блесна на првенствениот натпревар против Њукасл на 25 август, кога го постигна победничкиот гол за 3-2. Од почетокот на сезоната досега има четири настапи.
Младиот фудбалер игра како крилен напаѓач. Во Академијата на Ливерпул пристигна во септември 2024 година, откако претходно беше дел од Челси.
Англискиот репрезентативец до 19 години веќе дебитираше и на европска сцена – на 17 септември влезе како резерва на натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на „Енфилд“. Инаку, неговото прво деби за сениорскиот состав под водство на Арне Слот беше уште во јануари.
Според медиумите, неговата годишна плата скокнала од 14.400 на 52.000 фунти, што е највисоката можна сума за фудбалер на Ливерпул во првата година како професионалец во клубот.
Талентот е роден во Англија, а неговите родители потекнуваат од Франција и Нигерија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













