
Почнува Лигата на шампионите, Челси го брани трофејот, но има голем број европски великани кои посакуваат да го донесат во своите витрини во оваа нова сезона. Суперкомпјутерот, кој преку неверојатен алгоритам предвиде дека Италија ќе биде европски првак, донесе интересно решение за Лигата на шампионите.
Францускиот гигант Пари Сен Жермен кој ги купи Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуизи Донарума, Џорџинио Вајналдум, има мали, речиси само теоретски шанси за да го освои трофејот. Ако може да му се верува на суперкомпјутерот, тогаш Манчестер Сити има најголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите која стартува вечерва со мечевите од групната фаза.
Суперкомпјутерот ја пресметува веројатноста за секој исход на натпреварот, а алгоритмот ја зема предвид моменталната форма и вредност на секој тим.
Шансите на Манчестер Сити за освојување на Лигата на шампионите се 16 проценти, а потоа следи Баерн Минхен, шампионот во 2020 година со 11 проценти. Трофејот го брани Челси има 10% шанси тоа да го стори повторно, а потоа е Ливерпул со девет проценти.
Барселона има осум проценти шанси да стане европски шампион, Реал шест, а Манчестер Јунајтед со Кристијано Роналдо пет проценти.
Лионел Меси ова лето го засили ПСЖ, а неговиот нов тим според суперкомпјутерот има само четири проценти шанси да ја освои европската клупска титула.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље
