
Суперкомпјутерот на популарната британска компанија за прогнози „Опта“ повторно ги направи своите прогнози за исходот на Лигата на шампионите, базирани на симулации, а резултатите се многу интересни.
По впечатливата домашна победа од 3-0 над Реал Мадрид во вторник, Арсенал стана голем фаворит за освојување на натпреварувањето, барем според суперкомпјутерот.
„Топчиите“ на Микел Артета победија во 27,8% од симулациите – речиси двојно повеќе од 15,6%, кои им беа дадени од суперкомпјутерот непосредно пред започнувањето на четвртфиналето. Тогаш симулациите ја поставија Барселона како тим со најголеми шанси да ја освои титулата. Сега шансите на Барселона за триумф во Лигата на шампионите се проценуваат на 25,9%.
Интересно е што суперкомпјутерот практично ги отфрла шансите на Реал Мадрид и Баерн Минхен да го променат исходот во реваншите следната недела. Според прогнозите, Реал има само 4,3% шанси да го елиминира Арсенал и да стигне до полуфинале, а шансата да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите се проценува на само 0,9%.
Баерн Минхен има малку подобри шанси да го елиминира Интер (17,3%), но само 3% од симулациите покажуваат дека баварците можат да ја освоат титулата.
🤖 𝐎𝐩𝐭𝐚 𝐒𝐮𝐩𝐞𝐫𝐜𝐨𝐦𝐩𝐮𝐭𝐞𝐫 𝐏𝐫𝐞𝐝𝐢𝐜𝐭𝐢𝐨𝐧𝐬 🤖
— Opta Analyst (@OptaAnalyst) April 9, 2025
With the first legs for all four Champions League quarter-finals done and dusted, it's time to check in with the Opta supercomputer…
Arsenal are the favourites, but Barcelona aren't far behind.
⬇️
Суперкомпјутерот ги потврдува прогнозите од 7 април, според кои најверојатните полуфиналиња се Барселона – Интер и Арсенал – Пари Сен Жермен. Според него, најверојатното финале е Барселона – Арсенал, при што двата тима стигнуваат до последниот натпревар во повеќе од половината симулации.
Како се прават овие прогнози? Моделот го пресметува процентот за секој исход од натпреварот (победа, реми или пораз), користејќи го коефициентот на пазарот за обложување и класифицирањето на „Opta Power Rankings“. Коефициентите и класифицирањата се базирани на историски и неодамнешни настапи на тимовите. Комплетниот турнир од ЛШ се симулира 10.000 пати за да се добие конечна прогноза за секој тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski