Connect with us

Судиска комисија: Две тешки одлуки, но исправни

Судиската комисија при ФФМ, веднаш по завршувањето на натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу екипите на Вардар и Силекс, ги анализираше двете спорни ситуации.

По преглед на видео снимката од 85. минута, утврдено е дека главниот судија правилно покажал црвен картон за гостинскиот голман поради влечење и држење на противнички играч надвор од шеснаесетникот, при што голот е празен (небранет).

Во втората ситуација, 90+6 минута, главниот судија има блокирано видно поле поради поставеноста на играчите и природно не може да види игра со рака од гостинскиот одбранбен играч при една високо нафрлена топка во казнениот простор. ВАР судиите правилно интервенираат и по преглед на снимка на терен од страна на главниот судија е досуден пенал за домашната екипа поради играта со рака која во моментот на контактот е во неприродна положба, одвоена од телото во висина на рамото, одбранбениот играч со ваквото неприродно движење на раката презема ризик. Пенал без дисциплинска мерка е правилна судиска одлука.

Судискиот одбор ја потврдува исправноста на двете клучни одлуки на натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови