Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е суспендиран на еден натпревар по директното исклучување против Парма во саботата. Дисциплинската комисија, официјално му изрече казна од еден натпревар и парична казна од 5.000 евра за “провокација и непочитување на официјално лице на натпреварот”.
Претходно, адвокатот ангажиран од страна на “росонерите”, Леандро Кантамеса изјави дека кога судијата Фабио Мареска би си ја признал грешката, Ибра би бил достапен на следниот натпревар.
“Сè зависи од тоа што напишал Мареска во извештајот. Ако тој признае дека не бил во право, Ибрахимовиќ ќе може да го игра следниот натпревар и покрај тоа што беше исклучен против Парма. Во спротивно, тој ќе мора да пропушти еден или два натпревари, но тоа би било многу погрешно”.
39-годишниот фудбалер ќе го пропушти следниот натпревар против Џенова, закажан за в недела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













