Единствено ОФС Кичево од 25 општински Собранија не го поддржа Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ.
Денеска судиите од ОФС Кичево остварија средба во Куќата на фудбалот со првиот човек на ФФМ.
Му дадоа поддршка за претседател на ФФМ и изразија задоволство од неговиот однос кон нив и силната посветеност на ФФМ за обезбедување на одлични услови за работа, едукација и професионален развој на судиите.
Пораката на Масар Омерагиќ до сите нив останува недвосмислена:
„Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренери и навивачи”.
„Само со фер однос кон сите, можеме да ја зачуваме довербата во фудбалот”, соопштија од ФФМ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













