Челси е новиот светски клупски првак откако во финалето на Светското клупско првенство го совлада европскиот шампион ПСЖ со убедливи 3-0. Натпреварот се одигра на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, а „сините“ уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот.
Првиот гол падна во 22. минута по грешка на Нуно Мендеш. Густо асистираше, а Кол Палмер ја смести топката зад грбот на Донарума. Осум минути подоцна, Палмер повторно беше прецизен, овојпат по соло-продор во шеснаесетникот.
До крајот на полувремето, Жоао Педро го зголеми водството на 3-0 по асистенција токму од Палмер, кој блесна со две гола и една асистенција.
Во вториот дел, ПСЖ се обиде да се врати со офанзивни замени, но Челси ја задржа концентрацијата и успешно ги неутрализираше нападите на францускиот тим.
Во завршницата, Жоао Невеш доби директен црвен картон по несфатлив потег – го повлече за косата Кукуреља. Тоа беше само дополнителен удар за тимот на Луис Енрике, кој остана без шанса за петти трофеј сезонава.
За Челси, ова е втор меѓународен трофеј во сезоната, по освојувањето на Конференциската лига на УЕФА. Победата над ПСЖ го потврдува подемот на клубот под водство на Мареска и враќање на европската и светската сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













