Наполи е на пат да го победи Лидс Јунајтед во трката за потписот на српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ, објави „TuttoMercatoWeb“. Според италијанското издание, клубот од Неапол веќе постигнал договор за личните услови со чуварот на мрежата на Торино и се подготвува за преговори околу висината на трансферот со „биковите“.
Се очекува разговорите меѓу двата клуба наскоро да започнат, при што Наполи ќе ги искористи постоечките преговори околу потенцијалната зделка за Сирил Нгонге како почетна основа за преговорите за Милинковиќ-Савиќ.
Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, има за цел што побрзо да обезбеди нови засилувања за тренерот Антонио Конте. Клубот веќе има постигнато договори за доведување на Ноа Ланг и Сам Боjкема, а следни цели се Вања Милинковиќ-Савиќ и напаѓачот на Болоња, Дан Ндои.
Англискиот Лидс Јунајтед исто така покажува сериозен интерес за српскиот репрезентативен голман, во обид да најде нов прв избор меѓу диреците по враќањето во Премиер – лигата.
Сепак, Милинковиќ-Савиќ изгледа сѐ поблиску до преселба во Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













