Арсенал се наоѓа на финална линија за да го официјализира трансферот на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Според португалските и англиските медиуми, во текот на денешниот ден бил постигнат значителен напредок во преговорите, а „топчиите“ се очекува да платат 63,5 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси.
Првичната цена што ја бараше Спортинг изнесуваше 70 милиони евра плус дополнителни 10 милиони, вклучувајќи и 10% комисија за агент. Но, откако таа клаузула е отстранета, Арсенал доби можност да ја намали вкупната вредност на трансферот.
Сите детали од договорот се веќе усогласени, а трансферот би требало да биде комплетиран во следните 48 часа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













