Македонскиот првак Шкендија утревечер (20 часот) на Арената „Тодор Проески“ го игра реванш натпреварот против ТНС во воведното квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот меч заврши без голови, па сега Шкендија пред домашните навивачи се надева дека ќе стигне до резултат кој ќе гарантира пласман во следното коло.
Тренерот Јетон Беќири вели дека сега тој има многу појасна слика за квалитетите на ТНС, а целта на Шкендија останува иста – пласман во следната рунда од натпреварувањето.
„Нѐ очекува уште еден важен натпревар во кој мораме да бидеме внимателни, затоа што првиот меч заврши 0-0, но во глобала имаме многу појасна слика за квалитетите на ТНС. Тие се тим кој игра одлично на домашен терен, на својата подлога со вештачка трева, и мислам дека успешно им париравме. Сега ние сме домаќини, условите се сосема различни и верувам дека ќе одиграме добар натпревар. Целта на Шкендија е јасна, ние посакуваме пласман во следната рунда, но мораме да го заслужиме на теренот“, изјави тренерот на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













