
Струга Трим Лум е во Лиепаја и се подготвува за дебитантскиот настап на европска сцена. Денеска (16 часот) на стадионот Даугава, тимот на Срѓан Захариевски ќе испише клупска историја, за првпат ќе одигра меч на меѓународна сцена, во Конференциската лига на УЕФА.
Шефот на стручниот штаб и фудбалерите посакуваат дебито да се памети и по позитивен резултат.
„Клубот Струга Трим Лум за првпат игра на меѓународна сцена, но во тимот имаме искусни фудбалери. Се подготвивме добро, го анализиравме противникот и се надеваме дека ќе оствариме позитивен резултат пред реваншот“, изјави тренерот Срѓан Захариевски.
Капитенот Фљамур Таири вели дека тимот ја има потребната самодоверба за вакви мечеви.
„Го респектираме тимот на Лиепаја, но веруваме и во сопствените квалитети. Ќе дадеме се од себе европското деби на Струга Трим Лум да биде една убава приказна“, порача Таири.
Мечот меѓу Лиепаја и Струга Трим Лум е закажан за 16 часот на стадионот Даугава во Лиепаја, Летонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
