Струга Трим Лум има максимални три победи на стартот од новата сезона, а тоа им дава дополнителен мотив на фудбалерите и стручниот штаб да продолжат во ист ритам и на дуелот против Башкими.
Дефанзивецот Гледи Мици вели дека тимот е подготвен за новото искушение, иако знае дека во Куманово нема да биде лесно да се освојат бодовите.
„Башкими на позитивен начин ја започна сезоната во елитата. Имаат квалитетен состав, а дополнително уживаат и голема поддршка од публиката. Свесни сме што нè очекува во Куманово, но подготвени сме за предизвикот и веруваме дека ќе успееме да ја продолжиме победничката низа“, изјави Гледи Мици за официјалниот сајт на ФФМ.
Струга Трим Лум досега има совршен старт, три натпревари и три победи. Тимот славеше со 2-0 на домашен терен против Македонија ЃП и против Работнички, а триумф забележа и на гостувањето кај Арсими (1-2).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













