
Струга Трим Лум сè уште е непоразен тим во Првата МФЛ и сака да продолжи во ист стил и на денешниот дуел против Пелистер. Стружани размислуваат единствено за трите бода, со кои би се вратиле на врвот од табелата.
Тренерот Бледи Шкемби нагласува дека тимот се подготвува идентично за секој првенствен натпревар и никого не потценува, затоа што секој меч носи иста вредност, три бода.
„Ние секоја недела натпреварите ги подготвуваме на ист начин. Не правиме разлики меѓу екипите. Нашата мотивација како тим секогаш се трите бода и успехот на крајот од секој меч. Драго ми е што и ние како стручен штаб, но и играчите, сите сме на иста линија. Пелистер заслужува максимален респект, а нашиот мотив е да продолжиме со успешни резултати“, изјави Шкемби.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Пелистер ќе се одигра денеска, со почеток во 15:00 часот, на Градскиот стадион во Струга.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
