
Лидерот Струга Трим Лум и по вторпат заглави дома против Македонија ЃП. Ниту под раководство на Шпетим Дуро, како и претходно со Срѓан Захариевски, напаѓачите на Струга ТЛ не успеаја да најдат решение за одбраната на „лавовите“, па мечот заврши без голови.
„Секако дека бевме подготвени да ја добиеме оваа средба. Мислам дека бевме доминантни во текот на целиот натпревар. Првото полувреме беше малку послабо темпо, не создадовме многу шанси, а вториот дел, како резултат на некои промени што ги направивме, многу го зголемивме темпото на игра и имавме неколку шанси за гол, но за жал не успеавме да „финализираме“. Дефинитивно не сум среќен, се соочивме и со излегувањето на Ибраими, другите двајца напаѓачи се обидоа, но не можевме да стигнеме до погодок“, изјави Шпетим Дуро.
Струга ТЛ сега има два бода предност на врвот пред Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
