
Последно есенско коло. Можеби и не е супер-квалитетно, но, секако е интересно.
Струга ТЛ и Шкупи се во трка за есенската титула. Струќани имаат бод предност и играат на домашен терен против Брегалница, па со три бода ќе презимат на врвот на табелата.
Шкупи има потешка задача, гостува кај Брера во Струмица, која го смени тренерот, па на овој меч тимот ќе го предводи Ѓорѓе Стојчев.
„Знаеме дека нема да биде лесно, но бодовите ни се важни, и затоа ќе мора дадеме сѐ од себе да стигнеме до нив. Би сакал да постигнам гол и на тој начин да ја завршам годината, а тимот да биде првопласиран“, изјави Хоган Укпа, играчот од средниот ред на Струга ТЛ.
Шкупи ќе атакува на триумф на гости против Брера.
„Знаеме колку е важен овој натпревар, наша цел е да ја завршиме оваа полусезона на првата позиција, и затоа работиме напорно за тоа да го оствариме. Ќе бидеме фокусирани, ќе бараме победа и се надеваме дека ќе дојдеме до неа“, изјави Куевен, фудбалерот за врска на Шкупи.
Шкендија на домашен терен ќе го пречека Силекс, а Вардар ќе се обиде со триумф над Тиквеш да ги зголеми шансите за опстанок.
Работнички гостува во Охрид и во последното есенско коло ќе се сретне со Воска.
Вчера, Гостивар ја победи Македонија ЃП со 1-0.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА 18. КОЛО (денеска, 13 часот)
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
АП БРЕРА – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
ВЧЕРА: ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
