Connect with us

Страшна повреда за Мајк Мењан, убедлив триумф на Милан (ВИДЕО)

Милан без многу мака дојде до драгоцени три бода, откако на гостувањето кај Удинезе славеше со убедливи 0-4, во меч од 32. коло на Серија А.

Двата тима имаа голема потреба од бодови – Милан влезе во дуелот по реми и пораз, што го оддалечи од местата што водат во Лигата на шампионите, додека Удинезе, во уште потешка ситуација, зад себе имаше три порази по ремито со Лацио и продолжи со слабата форма и вечерва.

„Росонерите“ ја оправдаа улогата на фаворити и го решија натпреварот уште во првото полувреме. Во само три минути, Леао (42′) и српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ со својот втор гол сезонава донесоа солидна предност за Милан на паузата.

На почетокот од вториот дел следеше непријатен момент – голманот Мењан се судри со соиграчот Тео Хернандез и заврши на тревникот. По интервенција на медицинските екипи, Французинот беше изнесен на носилки и пренесен во болница.

И покрај шокот, Милан не запираше. Хернандез, кој беше дел од инцидентот, се рехабилитираше со гол, а и Рајндерс се запиша во листата на стрелци за конечни и убедливи 0-4.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови