Connect with us

Стојковиќ: Ниту ќе се кријам, ниту ќе бегам од одговорноста, Србија на Мундијалот можеше повеќе

Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси првпат се обрати до јавноста по елиминацијата од Светското првенство во Катар. Тој го започна своето излагање со тоа што исполнил две од трите цели што ги поставил пред себе кога ја презел репрезентацијата на Србија.


„Дваесет месеци сум на тренерската позиција, за тоа време од трите цели што ги поставив, и јас и федерацијата остваривме две. Првата цел и ветување што беше исполнето беше да завршиме на првото место во тешка квалификациска група и да се пласираме на СП. Втора цел – по ждребот за Лигата на нации каде исто така се најдовме во тешка група. Бевме први и тоа го остваривме. Не ја исполнивме третата цел – минување на групната фаза на СП“, изјави Стојковиќ.

„Ниту ќе се кријам, ниту ќе бегам од одговорноста. Јас сум тука да одговорам за сѐ. Изјавив дека сме подготвени, затоа што изјавите ги читаат и странците, нашите ривали. Да речевме дека заминуваме на Мундијал со повредени играчи, тоа дпнекаде би било алиби. Затоа сакавме да ја зачуваме позитивната енергија. Се надевавме дека некаде ќе се надмине кондициската состојба и дека до почетокот на првенството работите ќе бидат на добар пат. Но, тоа беше невозможно. Од друга страна, знаевме, а знаевте и вие, дека Бразил е фаворит во тешка група. Тие се друга димензија, друго ниво. Знаевме дека ќе има борба за второто место меѓу трите други селекции. Има наши грешки, јас сум некој што реално гледа на сликата. Не летам кога сме одлични на теренот, но и кога не сме. Против Камерун и покрај сите проблеми имавме победа во џебот. Се вративме од негатива. Зошто не ја искористивме? Тоа зависеше од нас и е предмет за анализа“, истакна Пикси.


Стојковиќ им испрати јасна порака на играчите.

„Им честитам на играчите, го дадоа својот максимум, трчаа во просек по 117 километри по натпревар и тука се гледа желбата… Ние самите сме виновни за сценариото против Камерун… Таму ќе треба да се направат корекции, а таквите грешки не смеат да се повторуваат ниту на помалку важните натпревари. Да бевме здрави, ситуацијата ќе беше поинаква. Дадовме пет гола, но примивме исто така многу“, призна Драган Стојковиќ Пикси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови