 
																												
														
														
													Стефано Пиоли се враќа на клупата на Фиорентина. Искусниот италијански стратег повторно ќе го предводи тимот од Фиренца, откако денес клубот официјално го потврди неговиот ангажман.
Пиоли потпиша тригодишен договор и ќе се обиде да ја врати „виолетовата“ гордост на патеката на успесите.
Ова не е прво негово искуство со Фиорентина – Пиоли беше дел од тимот и во периодот 2017–2019, а како што вели претседателот Роко Комисо, токму таа блиска поврзаност со клубот и градот одиграла клучна улога.
Stefano Pioli è l’allenatore della Fiorentina💜⚜️#forzaviola #fiorentina pic.twitter.com/I2grM8QAzx
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) July 12, 2025
„Од првиот момент кога разговарав со Стефано, знаев дека го најдовме вистинскиот човек. Тој ја познава душата на Фиренца и клубот, и подготвен е да се вложи со сè што има“, рече Комисо.
Последна тренерска станица на Пиоли беше саудиски Ал-Наср, а пред тоа остави длабока трага во Милан, освојувајќи ја титулата во Серија А во сезоната 2021/22. Во својата богата кариера го водеше и Интер, Лацио, Болоња, а како играч шест сезони носеше дресот на Фиорентина.
Сега се враќа таму каде што го познаваат најдобро – со цел да создаде нова успешна приказна на „Артемио Франки“.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														