
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски заминува од кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака. Тој спогодбено го раскина договорот со клубот и во последните денови од летниот преоден рок ќе бара нов предизвик.
Репрезентативецот имаше уште една година од актуелниот договор со АЕК Ларнака, но одлучи да замине. Тој во моментот е со националниот тим и се подготвува за настап на квалификациските натпревари против Ерменија, Исланд и против Романија.
Спировски дојде во АЕК Ларнака минатата година, а претходно настапуваше за Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Борац Чачак. Во Македонија беше член на Пелистер, Работнички и на Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
