Македонскиот интернационален судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата во Франција на мечот меѓу Лил и шкотскиот Селтик во рамките на Лига на Европа. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Дејан Неделковски, четврти судија е Димитар Мечкаровски. Средбата се игра на 29 октомври.
Ова е вторпат како Ставрев му суди на Лил бидејќи му беше судија на средбата со Валенсија 2012 година во Купот на УЕФА.
Поранешниот меѓународен судија, сега претседател на Судискиот одбор на ФФМ Емил Божиновски отпатува за Шпанија каде вечерва во Мадрид ќе биде контролор на судењето на средбата во Лига на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Салцбург.
Не е заборавена и нашата најдобра судијка, интернационалката Ива Пројковска која ќе биде главен судија на натпреварот во Кишињев меѓу Молдавија и Полска во квалификациите за Европското првенство за жени. Ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиевски и Вјолца Изеири, четврти судија е Ирена Велевачковска.
Александра Пејковска е одредена за делегат на мечот меѓу Романија и Швајцарија во квалификациите за Европското првенство за жени. Средбата се игра во спортскиот центар кај Букурешт. Двата меча се играат денес.
Листата ја завршуваме со генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски кој ќе биде директор за организација на натпреварот на стадионот во Милано меѓу Милан и Спарта Прага како и со Жарко Игњатоски кој е исто така одреден за организационен директор на УЕФА на мечот во Украина меѓу Зорија и Брага од Португалија кој се игра во Запорожје . И двете средби се од групната фаза на Лига на Европа.
М.М.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski