
Апелацискиот суд во Нови Сад ја потврди одлуката за поранешниот судија Срѓан Обрадовиќ од фудбалот да биде исфрлен во следните десет години поради местење натпревари. На Обрадовиќ му се судеше за злоупотреба на судиската позиција во 2018 година на мечот во Суботица меѓу Спартак и Раднички Ниш, кој заврши со резултат 2-0.
Обрадовиќ по натпреварот беше уапсен од полицијата под сомнение за „местење“, скандалозно досуден пенал, а еден месец помина во Окружниот затвор во Нови Сад, по што беше пуштен да се брани од слобода.
Арбитарот од Јагодина доби првостепена пресуда од Вишиот суд во Нови Сад со која е осуден на 15 месеци затвор со забрана за вршење каква било функција во фудбалот во наредните 10 години.
Апелацискиот суд во Нови Сад ја потврди оваа пресуда, па случајот беше затворен на 23 септември, а тој ќе може да се занимава со фудбал дури во 2031 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
