
Србија нема да и се придружи на Македонија на патот за Европското првенство. Селекцијата на северниот сосед загуби на пенали (5-4) од Шкотска. Голманот Дејвид Маршал го одбрани последниот пенал на Александар Митровиќ и го трасираше патот за ЕП. Претходно, Шкотите поведоа со голот на Рајан Кристи, а израмни Лука Јовиќ во 90.минута од дуелот.
Унгарија со 2-1 ја совлада селекцијата на Исланд со неверојатен пресврт. Сигурдон ги доведе гостите во водство, израмни Него во 88.минута, а Шобошлаи во 92.минута постигна гол за пласман на ЕП.
Словачка по продолженија славеше со 1-2 против Северна Ирска. Кучка во 17 минута донесе предност за Словачка, но Шкриниар си постигна несреќен автогол во 88.минута. Сепак, во продолженијата, Михал Дуриш во 110.минута постигна победнички погодок за Словаците за голема радост.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
