Connect with us

Спортинг даде гол од центар и ќе игра продолженија со Арсенал, а Рома и Баер Леверкузен одат понатаму (ВИДЕО)

Арсенал и Спортинг Лисабон ќе играат продолженија на „Емирати“ откако одиграа 1-1 во регуларниот тек, а претходно и 2-2 в Португалија.


Педро Гонкалвеш во 62.минута постигна спектакуларен гол од половина терен, откако успеа да го надмудри истрчаниот Арон Рамсдејл.


Арсенaл поведе во првиот дел со голот на Гранит Џака во 19.минута.


Баер Леверкузен го совлада Ференцварош на гости со 0-2, со головите на Дијаби и на Адли.
Рома одолеа во Сан Себастијан и ремизираше без голови, а ја задржа предноста од првиот меч на „Олимпико“ (0-2) и патува во четврт-финалето на Лига Европа.


Ројан Унион Сент Жил со 3-0 го победи Унион Берлин и оди во следната фаза. Теума, Лазаре Аамани и Лапусин беа стрелци на головите за домашниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови