Второлигашката сцена ќе биде заокружена денеска со последното 30.коло од шампионатот. Сѐ е познато на врвот, Беса е шампион, Пелистер исто така се пласира во елитата, а Детонит Плачковица како третопласиран ќе игра бараж против Вардар.
Но, затоа ќе имаме супер-интересна завршница во битката за опстанок. Неколку екипи се во битката, Победа, Осогово, Тетекс и Каменица Саса. Еден од нив ќе му се придружи на Караорман кој веќе е преселен во понизок ранг, а еден ќе мора да игра бараж за опстанок.
Сите четири екипи се во разлика од само два бода, што значи дека секој може да се спаси, но и секој е загрозен пред стартот на последното коло.
Победа на домашен терен го пречекува шампионот Беса, а Осогово е домаќин на Пелистер. Јасно е на која страна е квалитетот и во двата дуели, но мотивите овојпат се сосема спротивни.
Тетекс гостува кај Башкими, додека Каменица Саса го пречекува Вардар Неготино.
На останатите натпревари се среќаваат: Охрид Лихнидос – Кожуф, Детонит Плачковица – Караорман, Новаци – Скопје, Беласица – Арсими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













