Лука Модриќ (38) има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2024 година. Со месеци се пишуваше дали легендарниот играч за врска ќе потпише нов договор или ќе замине по 12 години. Сепак, тој ќе остане на „Бернабеу“ и следната сезона.
Очекувано, новиот договор на Модриќ ќе го врзе со клубот на уште една сезона, која ќе ја заврши како 39-годишник. Се очекува Модриќ да ја намали платата што очигледно нема да му биде проблем бидејќи единствена желба му е да остане во Реал иако има богати понуди од Саудиска Арабија и од МЛС-лигата.
Во 2012 година Модриќ се пресели од Тотенхем во Реал и освои сѐ со „кралскиот клуб“. Меѓудругото, пет европски, четири шпански титули и два Купа на кралот, како и најпрестижното индивидуално признание, „Златната топка“.
Тој одигра 531 натпревар, постигна 39 и асистираше за 86 гола. Тој е обожуван од соиграчите и од навивачите, а последниве години поради возраста го продолжуваше договорот само на една сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













