По суспензијата од ФА на Англија поради нелегално обложување, на Иван Тони не му беше лесно да се врати во натпреварувачкиот ритам, но напаѓачот на Брентфорд успеа да добие повик во репрезентацијата на Англија.
Сè уште не е познато дали 28-годишниот напаѓач ќе влезе во последната селекција на Герет Саутгејт за ЕВРО 2024, но Англичанецот би можел да направи промена на средината во текот на летото.
Медиумите од Островите повторно пишуваат за потенцијален трансфер во Тотенхем за кој се шпекулираше и минатата сезона кога Хари Кејн го напушти лондонскиот тим.
Анге Постекоглу се обиде да игра без класичен „бомбардер“ во нападот, но не секогаш му одеше според планот, па на позајмица од Лајпциг пристигна Тимо Вернер, кој исто така не импресионираше.
Сега Иван Тони повторно е актуелен како некој кој би донел сила во нападот на Тотенхем и би бил долгорочно решение, иако официјалниот став на Брентфорд е дека огромни 100 милиони фунти за својот напаѓач.
Иван Тони оваа сезона постигна четири гола на 17 натпревари во Премиер – лигата откако ја одлежа суспензијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













