Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на Тетекс, испадна од Втората лига и следната сезона ќе мора да игра во третолигашки ранг. Ова откако Тетекс загуби на гостувањето кај Башкими со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за кумановци беше Сами Алили.
Беса покажа класа на гости кај Победа и триумфираше со 1-5, а прилепчани ќе мораат да играат бараж за опстанок во второлигашкото друштво. Беса во Прилеп го доби и шампионскиот пехар во второлигашката конкуренција.

Давид Дебрешлиоски постигна гол за Победа, но Беса имаше дури пет различни стрелци, тоа беа Шабани, Алексовски, Хамза, Садики и Таипи.
Осогово го победи Пелистер со 3-0 и обезбеди директен опстанок. Тоше Манов беше двоен стрелец за тимот од Кочани, а погоди и Екрем Мемеди.

Каменица Саса исто така обезбеди опстанок со триумфот од 5-3 против Вардар Неготино.
Мухамед Бекир беше двоен стрелец, а погодија уште и Кристијан Таневски, Марко Соколов и Дарко Алексовски.
Охрид на домашен терен го победи Кожуф со 2-0, а со идентичен резултат и Детонит Плачковица скавеше над Караорман кој се сели во понизок ранг.
Новаци го победи Скопје со 2-1, а и Беласица со 2-1 беше подобра од Арсими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













