Тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби (44), ќе го напушти клубот на крајот од актуелната сезона, по натпреварот против Манчестер Јунајтед, соопшти Брајтон.
Италијанскиот тренер пристигна меѓу „галебите“ во септември 2022 година и се стекна со репутација на еден од најдобрите стратези на Островот, а голем успех постигна со пласманот на Брајтон во осминафиналето на Лига Европа оваа сезона, откако заврши на седмото место во Премиер – лигата минатата сезона.
„Многу сум тажен што го напуштам Брајтон, но горд сум и на она што го постигнаа моите играчи и стручниот штаб со голема поддршка од сите во клубот во текот на овие две историски сезони. Се договоривме дека ова е мојот крај во Брајтон со цел клубот да продолжи според сопствените планови“, изјави Де Зерби.
Во претходните години, италијанскиот стручњак беше поврзуван со големи европски клубови како Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Баерн Минхен, додека особени пофалби доби од тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој особено го цени.
За време на неговата тренерска кариера, Де Зерби ги водеше Дарфо Боарио, Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло и Шахтјор Доњецк, пред да пристигне во Брајтон.
Баерн Минхен не може да најде нов тренер и можеби сега Де Зерби е веќе реална опција.
Brighton & Hove Albion has confirmed that head coach Roberto De Zerbi will leave the club after tomorrow’s final Premier League match of the season against Manchester United.
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) May 18, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













