Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски својата кариера ја продолжува во АЕК Ларнака. Еден од најдобрите кипарски клубови денеска го официјализираше трансферот на македонскиот фудбалер од средниот ред, со кого е потпишан двегодишен договор.
Спировски на тој начин, по завршувањето на соработката со Хапоел Тел Авив, ја дополнува македонската колонија во АЕК Ларнака, приклучувајќи се на Иван Тричковски и Даниел Мојсов.
„Договорот со Спировски ќе биде потпишан по неговото пристигнување на Кипар“ – информираат од АЕК Ларнака.
29-годишниот Спировски својата кариера ја почна во Пелистер, во македонскиот шампионат настапуваше и за Работнички и Вардар, а интернационална кариера градеше во Србија (Борац Чачак), Бугарија (Берое), Унгарија (Ференцварош) и Израел (Хапоел Тел Авив). За македонската репрезентација има одиграно 31 натпревар и има еден постигнат гол.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski