Connect with us

„Специјалниот“ се враќа во Премиер-лигата: Мурињо имал средба со газдата на Њукасл

Поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, викендов имал средба со сопственикот на Њукасл. Португалецот беше во Саудиска Арабија каде присуствуваше на неколку големи спортски настани како Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 и боксерскиот меч меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану. Токму за време на трката во Формула 1, Специјалниот беше забележан во друштво на шефот на Њукасл, Јасир Ал-Румајан.


Мурињо моментно е без работа, бидејќи неодамна доби отказ од Рома. Сепак, тој не крие дека сака што побрзо да се врати на клупата.


„Морам да ја чекам вистинската понуда, морам да најдам нешто што ќе ме мотивира. Да можам утре би почнал со работа“, изјави Мурињо.


Во меѓувреме, Њукасл не се претстави како што се очекуваше оваа сезона, со тоа што тимот се наоѓа само на 10. позиција на табелата во Премиер-лигата, а иднината на менаџерот Еди Хау во клубот сѐ повеќе се доведува во прашање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови