
Манчестер Јунајтед и Ливерпул синоќа на „Олд Трафорд“ одиграа ново продолжение на најголемото дерби во англискиот фудбал. Домашните фудбалери победија со 2-1 со головите на Џејдон Санчо и на Маркус Рашфорд, а менаџерот Ерик тен Хаг ја изненади јавноста кога на клупата ги остави двајцата капитени на тимот, Хари Мегваер и Кристијано Роналдо.
Токму португалскиот напаѓач се најде во центарот на вниманието. „Скај Спортс“ го правеше своето традиционално шоу пред натпреварот, а Роналдо се загреваше на теренот. Кога ги виде поранешните соиграчи Рој Кин и Гери Невил, отиде до нив и срдечно ги поздрави.
Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, не доби ваков третман. Португалецот многу очигледно го игнорираше и помина покрај него како да не постои. Дел од навивачите го обвинија Роналдо за ароганција, а други сметаат дека критиките кои Карагер ги упати кон него и неговиот клуб во последните неколку недели не му одговараат на Роналдо.
Cristiano Ronaldo left Jamie Carragher hanging 🤣
— B/R Football (@brfootball) August 22, 2022
(via @footballdaily)pic.twitter.com/tlt8nJicF7

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
