Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, покани четири легендарни фигури во италијанскиот фудбал – Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро, Франческо Тоти и Џанкарло Антоњони, кои ќе ги надгледуваат тренинзите на тимот пред Европското првенство во Германија.
„Чувствувам дека сум национален селектор само кога ќе ја одведам Италија напред на ЕП 2024“, изјави Спалети во интервју за весникот „Кориере дело спорт“.
„Да го носиш националниот дрес е нешто посебно. Кога ќе се приклучиш на националниот тим, знаеш дека треба достојно да ја претставуваш Италија. Мора да тренираш добро и да имаш правилен став цело време. Попрво би се потпирал на фудбалер со помалку квалитети, но морално вредни. Пред извесно време имаше дебата за мојата проценка и за тоа кој треба да биде одморен и кој да игра“, изјави Лучијано Спалети.
Кога ќе ги започнеме подготовките за Европското првенство во Коверчиано, би сакал да ги доведам Баџо, Дел Пјеро, Тоти и Антоњони“, продолжи селекторот на Италија.
„Веќе разговарав со претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина. Идејата е да ги гледаат тренинзите. Ќе ги натерам момчињата да го кренат нивото. Федерацијата наскоро ќе испрати покани“, додаде Спалети.
Самопочитта на тимот мора да одговара на нашата љубов кон репрезентацијата. Не смееме да се плашиме од никого“, категорично изјави Лучијано Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal