Connect with us

Состави: Шкендија со најсилниот тим на мегдан против Лудогорец во Разград

Со предност од 2-1 од првиот натпревар во Скопје, фудбалерите на Шкендија во Разград имаат јасна цел – да ја заверaт „златната“ виза за групната фаза во Лига Европа.

Тренерот Јетон Беќири ги отстрани сите дилеми околу почетниот состав. Најголемата новост е појавата на Зејнулаи во првиот тим, кој ќе го заземе местото на Крстевски. Во нападот повторно ќе се потпира на брзоногите Тамба и Љатифи по крилата, додека капитенот Бесарт Ибраими ќе биде најистурен во офанзивата.

Лудогорец: Падт, Сон, Куртулус, Алмеида, Недиалков, Нареси, Чочев, Дуарте, Маркус, Мачадо, Видал

Шкендија: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Алхасан, Тамба, Зејнулаи, Латифи, Б. Ибраими

Натпреварот ќе го суди Швајцарецот Урс Шнајдер, а атмосферата во Разград најавува вистински спектакл.

Доколку Шкендија успее да ја одбрани предноста, ќе стане само вториот клуб од Македонија што се изборил за настап во групната фаза на Лига Европа, по успехот на Вардар во 2017 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови