
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар излезе со соопштение во јавноста по повод се почестите судиски грешки на негова штета.
ФК Вардар оваа сезона е дел од Втората лига Запад и се бори за враќање во елитата, но загуби два важни меча во низа, од Силекс дома и на гости против Воска.
„Фудбалскиот клуб Вардар, како најтрофеен и најреномиран фудбалски колектив во Македонија по 12 oдиграни кола во овогодинешниот второлигашки фудбалски шампионат (запад) реши на јавноста да и се обрати со соопштение базирано на случувањата во изминатите натпревари кои директно одеа на штета на нашиот клуб.
За што поточно станува збор?
Веќе извесно време молчиме, но на тоа молчење му дојде крајот. Реагираме како клуб на очигледните судиски грешки, кои во континуитет се случуваат на натпреварите на ФК Вардар кои мора да кажеме дека директно влијаеа на неколку конечни резултати со тоа и на нашето бодовно салдо и моментален пласман на второлигашлката табела.
ФК Вардар реагира на очигледно калкулантското судење и арбитража на неколку натпревари, на кои поточно нотираме подолу во соопштението, и на кои намерно или ненамерно (се надеваме) ни се одземени неколку бодови. Истите сметаме дека засега се клучни за нашата позиција на табелата.
Кој и зошто очигледно оди против ФК Вардар ќе мора да запрашаме јавно и да побараме одговор од надлежните. Во чиј интерес е деградирањето на најтрофејниот Македонски фудбалски клуб кое се повторува од натпревар во натпревар? Свесни сме дека судиските грешки се дел од фудбалот, но тендеционзоста кај истите не можеме да ја прифатиме. Во ФК Вардар како колектив, управата, играчите, навивачите и сите засегнати во моментов се прашуваат дали се тоа навистина случајни и ненамерни судиски грешки и дали ФК Вардар на натпреварите против Беса, Силекс, и конечно Воска, директниот конкурент за пласман на табелата заслужи да загуби или да одигра нерешено? Дури и на натпревари на кои победивме, бевме сведоци на крупни грешки во арбитражата (против Гостивар)
Вардар – Гостивар (9 коло)
-Ѓорѓиевски Владимир
-Степановски Петар
-Дрнковски Николче
*Сите од Битола
Вардар – Силекс (11 коло)
-Грујоски Александар
-Лика Куштрим
-Јанкуловски Зоран
*Сите од Кичево
Воска – Вардар (12 коло)
-Смоковски Кирил
-Мишевски Иле
-Смилковски Марјан
*Сите од Прилеп
Со ова соопштение сакаме конечно да дадеме до знаење дека сме свесни за она што во моментов се случува, бараме заштита од надлежните, и потенцираме дека никој нема право да си игра со судбината на најтрофејниот клуб во Македонија, особено сега кога е во позиција на „ранет лав“. Не можеме да ги затвараме очите и да бидеме неми набљудувачи на тенденциозното судење против нашиот клуб. ФК Вардар бил, е, и ќе биде најголемиот фудбалски бренд без разлика во која лига настапува и секогаш ќе ја има поддршката од сите кои го сакаат и почитуваат. Посакуваме фер и коректна шанса да се избориме за она што е наша примарна цел, да го вратиме ФК Вардар онаму каде што му е местото. На врвот на македонскиот фудбал. И убедени сме дека ќе успееме во тоа! – се вели во соопштението на Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
