
Башкими даде гол во последните минути, но се чини дека фудбалерите од одбраната на Кожуф беа само гледачи, а голманот не се ни потруди да реагира. Триумфот на Башкими од 1-2 во Гевгелија предизвика многу бура, ФФМ најави истрага за случувањата на мечот, а министерот за спорт Борко Ристовски и можно одземање на лиценците за дејност спорт за двете екипи, ако се докаже дека имало неспортски дејствија.
Башкими доцна синоќа реагираше по сето ова, реагирајќи зошто се случиле толку големи напади кон клубот.
Соопштението на Башкими ви го пренесуваме во целост.
„Загрижени и бесни сме поради оркестрираните напади врз нашиот клуб. Башкими е гордост на Куманово и спортски колектив кој прави многу за спортот, културата и младите во градот. Башкими не е само клуб, туку семејство создадено со децении и децении, со многу труд, пот и пожртвуваност. Башкими оваа сезона е најкомплетен тим во ВМФЛ, како со инфраструктура, така и со тим и со навивачи. Ние сме клубот кој има најголем број гледачи, кои седат дури и на скалите на стадионот.
Денешниот натпревар во Гевгелија, за кој се крена невидена „прашина“ е причина за ова соопштение. Нашиот клуб со најголема одговорност ги известува сите дека како и секој натпревар, па и овој против Кожуф, игравме чесно и чисто и заслужено освоивме три бода. Силно веруваме дека овој напад е неоснован, затоа што нема факти, аргументи или индикации дека нашиот клуб не играл коректно и според начелата на фер-плејот.
Со надеж на правда и спроведување на законот, ве покануваме в сабота во 17:00 часот на дербито против Детонит Плачковица.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski