Connect with us

Солзи сами течат…Меси го игра последниот меч за Аргентина (ВИДЕО)

Лионел Меси, аргентинското фудбалско божество, ќе го одигра последниот меч во дресот на Аргентина, на домашен терен. Дуелот против Венецуела во Буенос Аирес ќе биде последниот за Меси на домашно тло.

На прес-конференцијата владееше силна емотивна атмосфера пред натпреварот, кој најавува моменти исполнети со тага и возбуда. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не можеше да ги задржи солзите кога беше прашан дали времето поминато со Меси на теренот, а сега и работата рамо до рамо со него во стручниот штаб, е најзначајното искуство во неговиот живот.

„Да бидеш на терен со Лео, да му ја подаваш топката и да делиш толку многу моменти е нешто што тешко се опишува. Посебна чест е што заедно ја освоивме светската титула. Она што следи ќе биде незаборавно. А ако ова навистина биде неговиот последен натпревар, ќе се потрудам да му овозможам да одигра уште еден меч пред нашите луѓе дома. Мора да се ужива во ваквите моменти, тоа е мојот совет“, рече Скалони.

Кога се обидоа да му постават ново прашање, еден новинар го прекина и покажа кон својот колега кој претходно зборуваше, изјавувајќи: „Тој плаче“. Одговорот на колегата – „Вие ми ја подаривте најголемата радост во животот“ – повторно го трогна Скалони, кој не успеа да ги сокрие солзите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови