
Оле Гунар Солскјер ги мотивираше играчите пред дербито на Манчестер против Сити. Тој вели дека треба да му се оддаде признание на Манчестер Сити за сето она што го направи во последната деценија, особено во последните пет-шест години, но дека нема дилема.
„Никогаш нема да бидат ни блиску до Јунајтед, ние секогаш возвраќаме. Ние сме најдобриот клуб во градот, но и во светот“, изјави Норвежанецот во пресрет на 186. дерби на Манчестер што ќе се игра на „Олд Трафорд“.
Сити се заканува да постигне што повеќе голови, а Бернардо Силва потсети дека „граѓаните“ многу подобро го играат дербито на „Олд Трафорд“, што е точно затоа што во последните години имаат повеќе победи на гости отколку на домашен терен.
Солскјер тврди дека лекциите од натпреварот против Ливерпул се научени и дека веќе никој не размислува за тој натпревар иако неговиот тим беше понижен.
Сепак, Димитар Бербатов, поранешната ѕвезда на „ѓаволите“, смета дека сличен пораз би значел отказ за Норвежанецот.
„Оле сигурно би добил отказ, можеби не веднаш, но клубот би почнал да бара нов тренер. Затоа што никој во клубот не можеше да го толерира тоа“, смета Бугаринот.
Зависноста од Роналдо ја гледа како најголем проблем.
„Кристијано го прави тоа низ кариерата, го покрива клубот со голови, ако на тимот не му оди. Но, тој не може да го прави тоа секојпат, некои други луѓе треба да преземат одговорност, да го намалат тој притисок“, додава Бербатов.
Но, Солскјер со победа би ги отфрлил сите сомнежи, а Манчестер Јунајтед и покрај тоа што се сопна на некои мечеви сезонава, ќе се израмни со Сити по бројот на бодови. Пресметката е закажана за 13.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
