
Во пресрет на денешниот прв полуфинален натпревар од Лигата на Европа, навивачите на Рома закачија неколку транспаренти пред тренинг центарот на Рома. На нив се наоѓа Оле Гунар Солскјер, поради изјавата на менаџерот на Манчестер Јунајтед дека не го познава италијанскиот клуб и дека го нема гледано досега.
Солскјер уверува дека неговите зборови биле погрешно разбрани.
„Тоа беше изјава дадена веднаш по натпреварот со Гранада. Секако дека ги гледав, но не направив анализа. Не сакав да навредам никого. Тоа е фантастичен клуб, имам дресови на Тоти и на Де Роси“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува италијанскиот калчолигаш Рома на „Олд Трафорд“ во првиот дуел од полуфиналето во Лигата на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
