
Шкендија од денеска има и словачки интернационалец во својот табор откако беше официјализиран договорот со Јан Кривак. Овој 26-годишен фудбалер доаѓа како засилување за одбраната на тетовци, на која и е неопходен ремонт откако во последните месеци од клубот си заминаа двајцата македонски репрезентативци, Муслиу и Бејтулаи.
Кривак, кој потпиша договор до јуни 2022 година, пристигна меѓу тетовци од таборот на чешкиот прволигаш Карвина.
„Пресреќен сум што добивам можност да играм за Шкендија и да се борам за освојување на трофеи. Доаѓам во најуспешниот клуб во Македонија во последните години, фактот дека ќе се борам за титули, но и за успех во Европа ме убеди да дојдам во Тетово. Им ветувам на навивачите дека ќе сторам се што можам за да помогнам во остварувањето на целите на клубот“, изјави Кривак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
