Connect with us

Слот: Не сум загрижен за мојата позиција во Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, по тешкиот пораз од 1-4 против ПСВ Ајндховен на „Енфилд“ изјави дека не чувствува притисок за својата позиција, и покрај серијата лоши резултати во последно време. Под водство на холандскиот стратег, актуелниот англиски шампион доживеа девет порази во последните дванаесет натпревари во сите конкуренции.

Иако логично се најде меѓу најсериозните кандидати за следен отпуштен менаџер во Премиер лигата, Слот нагласи дека не е загрижен за својата иднина.

„Не се согласувам со тврдењата дека играчите на Ливерпул не можат да го покажат својот квалитет. Јас гледам многу моменти кога ја демонстрираат својата класа, но тоа едноставно не се рефлектира на резултатите – тоа е факт. Но не, не сум загрижен. Сакам да кажам дека фокусот ми е насочен кон други работи, а не кон стравување за мојата позиција. Се обидувам да анализирам и да им помогнам на играчите колку што можам. Очигледно е дека не ми поаѓа од рака како што беше минатата година. Кога станува збор за индивидуални грешки, мислам дека тие произлегуваат од тимските проблеми во целина. Повторно велам – морам да бидам подобар и тоа е она што се обидувам да го правам секој ден. Секојдневно работам на подобрување на тимот, и искрено, тоа е мојата единствена преокупација“, изјави Слот по најновиот пораз на „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови