Арне Слот мора да победи на следните две средби или ризикува неговата авантура на клупата на Ливерпул да заврши прерано.
То е мислење на поранешната ѕвезда на Ливерпул, Диди Хаман, кој јасно предупреди дека Слот ќе добие отказ доколку наскоро не ги промени работите на „Енфилд“.
Минатата сезона Слот го одведе Ливерпул до титулата во Премиер – лигата и се очекуваа многу подобри игри оваа сезона, особено поради силните засилувања кои ги доби тимот.
Во саботата неговиот тим го доживеа шестиот пораз во домашниот шампионат оваа сезона, и тоа дома од Нотингем Форест со 0-3.
„Црвените“ се најдоа на 12. место на табелата со 11 бодови заостанување зад лидерот Арсенал.
Падот на формата дојде и покрај тоа што беа потрошени над 500 милиони евра за нови играчи, меѓу кои се и Александер Исак и Флоријан Вирц.
Поради сето тоа, Слот се соочува со голем притисок последниве недели, а претстојните натпревари се од клучно значење.
Вечерва Ливерпул игра на домашен терен против ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите и ќе се обиде да дојде до победа.
Потоа, тимот на Арне Слот гостува кај Вест Хем, кој се бори за опстанок.
Навивачите на Ливерпул полека ја губат довербата во Арне Слот и го посакуваат Џулијан Нагелсман на тренерската позиција.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













