Аргентинскиот играч за врска на Комо, Нико Паз, ќе биде едно од првите нови засилувања на Реал Мадрид за 2026 година. „Кралевите“ планираат да го вратат 21-годишниот фудбалер во својот тим.
Во договорот меѓу шпанскиот клуб и Комо има клаузула за повторно откупување, која е важечка следното лето, а не во јануари. Комо инсистира да го задржи Паз до крајот на сезоната, поради што е многу веројатно тој да се врати на „Бернабеу“ по завршувањето на оваа сезона.
Нико Паз прејде во Комо летото 2024 година од вториот тим на Реал. Во оваа сезона има одиграно 13 натпревари во сите конкуренции, на кои постигнал пет голови и забележал четири асистенции.
Фудбалерот веќе запиша шест настапи за националниот тим на Аргентина.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













